45-годишниот Ф.И. од струшкото село Велешта, вчера во СВР Охрид пријавил нарушување на јавниот ред и мир, кое се случило на 13-ти декември оваа година.
– Нарушувањето се случило во 17:20 часот на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, кога, тој бил физички нападнат од Р.М. од селото Лешани, општина Дебрца. По нападот, му била укажана лекарска помош, по што, пет дена бил задржан на болничко лекување, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: Ohridpress/СВР Охрид фото: архива










