Седумнаесетте поени на охриѓанецот Осман недоволни за победа на Кавалирс

by Administrator

урскиот репрезентативец, охриѓанецот Џеди Осман, со своите 17 поени не успеа да го избегне поразот на Кливленд Кавалирс од екипата на Чикаго Булс од 112 : 92 во Американската кошаркарска лига (НБА), јавува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА. Кливленд Кавалирс на домашен терен загуби од Чикаго Булс со 92 : 112.

Лаури Маркканен со 31 поен беше најпрецизен во редовите на Булс, а свој придонес во 9-тата победа на Чикаго даде и Крис Дан со 17 поени.

Во редовите на Кавалирс најпрецизен беше Лери Ненси Џуниор со 20 поени, Џордан Кларсон со 17 поени и Џеди Осман со 17 поени, 7 скока и 1 асистенција.

– Кари и Дурант заедно постигнаа 77 поени

Sвездите на последниот шампион на НБА, Голден Стејт Вориорс, Стефен Кари и Кевин Дурант заедно постигнаа 77 поени, носејќи ѝ уште една победа на својата екипа.

Вориорс ја извојува својата 23. победа сезонава и се наоѓа на 2. позиција во Западната конференција. Кари постигна 42 поени и 6 скока, додека Дурант имаше дабл-дабл од 35 поени и 12 скока.

Најпрецизни во редовите на Клиперси беа Тобијас Харис со 32 поени и 9 скока, Данило Галинари со дабл-дабл од 25 поени и 11 скока, Лоу Вилијамс со 25 поени и 9 скока, што не беше доволно за да се избегне поразот.

Резултати:

Детроит Пистонс – Атланта Хоукс 95 : 98

Индијана Пејсерс – Вашингтон Визардс 105 : 98

Бостон Селтикс – Шарлот Хорнетс 119 : 103

Бруклин Нетс – Феникс Санс 111 : 103

Кливленд Кавалирс – Чикаго Булс 92 : 112

Орландо Меџик – Мајами Хитс 92 : 115

Сакраменто Кингс – Њу Орлеанс Пеликанс 122 : 117

Оклахома Сити Тандер – Минесота Тимберволвс 112 : 114

Голден Стејт Вориорс – Лос Анџелес Клиперс 129 : 127

Портланд Траил Блејзерс – Далас Маверикс 121 : 118 (во продолжетоци)

Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис Гризлис 99 : 107

You may also like