Индонезија: Издадено предупредување за можно ново цунами

0
190

Властите денес ги предупредија жителите на крајбрежните подрачја во близина на индонезискиот вулкан Анак Кракатау, дека е можно регионот да биде погоден од ново цунами, јавува Anadolu Agency (AA).

Предупредувањето до туристичкото одморалиште „Танџунг Лешунг“ следуваше по ерупциите на вулканот Анак Кракатау, кои предизвикаа бранови.

Властите упатија апел до населението да биде подалеку од плажите, а спасувачките тимови да ја запрат нивната работа на локациите.

Бројот на жртвите од цунамито во саботата во подрачјето на Сундскиот Теснец се искачи на 429 лица.

Индонезија лежи во таканаречениот „Огнен прстен“ во Тихиот Океан, каде што тектонските плочи се судираат и предизвикуваат чести сеизмички и вулкански активности.

Во септември минатата година земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди индонезискиот остров Сулавеси што предизвика цунами чии бранови достигнаа височина и до 3 метри. Цунамито ги зафати градовите Донгала и Палу, каде што животот го загубија над 2.000 луѓе.