АЛАРМАНТНО: Вулканот Етна повторно активен, затворен аеродромот во Сицилија

0
185

Вулканот Етна, највисокиот и најактивниот европски вулкан, еруптира денес со фрлање голем столб на пепел во воздухот. Како резултат на тоа, аеродромот во Катанија на источниот брег на Сицилија беше затворен.

Италијанскиот национален геофизички институт соопшти дека за време на ерупцијата се случил и земјотрес од четири степени Рихтер.

Низа од околу 130 потресувања го потресоа вулканот околу осум наутро по локално време, соопшти Италијанското биро за геофизика и вулканологија, со најсилна магнитуда од четири степени.

Немаше извештаи за повреди.

Вулканот висок 3.330 метри може да има спектакуларни ерупции неколку пати годишно, фрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров. Последната голема ерупција беше во 1992 година, потсетува агенцијата Ројтерс.