Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин денеска изјави дека неговата земја не размислува за какви било чекори назад во борбата против терористичката организација ИСИС, јави агенцијата Анадолу (АА).
“Нема збор за било каков чекор назад во борбата против ИСИС, ниту за слабост, стагнација или забавување”, изјави Калин во обраќањето пред новинарите по состанокот на кабинетот во Анкара.
Тој истакна дека Турција останува крајно решителна и подготвена да продолжи со борбата против тероризмот.
“Не доаѓа во предвид Турција да добива дозвола или согласност од Израел или било која друга земја (со цел да се бори против тероризмот)”, истакнал Калин.
Неговата изјава дојде кратко време по изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху насочена кон турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Потсетуваме дека Нетанјаху на социјалната мрежа напиша дека турскиот претседател Ердоган е “окупатор на северен Кипар, и чија армија ги масакририра жените и децата во курдските села, внатре и надвор од Турција, и не би смеел на Израел да му држи лекции”.
На крајот, тој го допре прашањето за повлекување на американските трупи од Сирија, посочувајќи дека одлуката на американската администрација е резултат, како што рече, “убедливите аргументи од страна на Ердоган за време на телефонскиот разговор со Трамп”.
“Оваа недела, американската воена делегација ќе ја посети Турција, каде што ќе разговара со своите турски колеги за координација во врска со повлекувањето од Сирија”, изјави Калин.
Тој додаде дека Ердоган јасно му укажал на лидерот на САД дека на Турција и на САД не им требаат терористите на ПЈД / ЈПГ за борба против ИСИС, истакнувајќи дека турските војници ќе останат во сирискиот Идлиб за да помогнат во воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во регион.
Тој, исто така, истакна дека Трамп ќе ја посети Турција во 2019 година.
“Трамп изјавил дека на покана на претседателот Ердоган во 2019 година, ќе ја посети Турција”, изјави портпаролот на турскиот претседател.









