Во ФЕТО “собирните ќелии“ пронајдени жолти елеци, повеќе приведени

0
389

Во текот на истрагата против терористичката организација ФЕТО, турската полиција изврши претрес на објектите во кои членовите на таа организација вршеле активности, а најмалку 22 осомничени биле уапсени, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).
Полицијата претресе вкупно 28 објекти користени од терористите на ФЕТО како своевидни “собирање ќелии”, а за време на претресот во објектите запленети се фалсификувани документи за идентификација и неколку десетици жолти и црвени елеци.

Приведени се дваесет и двајца осомничени, вклучувајќи го и суспендиран обвинител од Едирне, сите се поврзуваат со терористичката организација ФЕТО.
Неименуван извор соопшти дека притворениците пред самото влефгување во полицијата од куќите низ прозорците ги фрлале мобилните телефони и мемориски картички.

Во една од куќите биле пронајдено 19 жолти и девет црвени елеци, слично на оние што ги користат демонстрантите во неколку европски градови.

Во една од зградите, во хартиени кеси полицијата пронашла 90.000 турски лири, 8.825 долари и 1.250 евра. Биле пронајдени и неколку фалсификувани документи за идентификација.

Исто така, во претресените објекти, биле пронајдени многу книги на Фетулах Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, како и наредби и упатствата за однесувањето на членовите на ФЕТО во случај тие да бидат приведени.