о заедничка операција со српската полиција, денес турските тимови за борба против дрогата запленија половина милион нелегални таблети за кои се смета дека требало да стигнат до Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според полициски извори, постапувајќи по дојава, полицијата на Истанбул, во координација со српската и бугарската полиција, запрела камион на српско-бугарската граница.
Запленети се околу 500.000 таблети екстази, кои биле скриени во приколка на камион кој доаѓал од Холандија, а уапсено е и едно лице.
Ова е првата операција за борба против дрогата што Турција ја има спроведено во странство.











