Овој метал го престигна златото по вредност, две земји имаат најголеми резерви

0
154

За прв пат во повеќе од една деценија, паладиум му парира на златото по однос вредноста. Вредноста на овој метал, што е клучна состојка за уредите за контрола на загадувањата во автомобилите и камионите, порасна а 50% за последните четири месеци, ја престигна вредноста на златото.

Една унца на паладиумот претходно оваа недела достигна 1,277 долари додека една унца на златото беше, според Блумберг достигна 1.253 долари.

Овој метал, покрај златото, среброто и платината, е еден од скапоцените метали со широко распространета примена. Во моментов, тоа е најбарани во автомобилската индустрија, инаку се користи во производството на накит, електроника, градежна индустрија
и медицина.

Бидејќи паладиумските катализатори се користат во “бензинските мотори” кои во моментов повеќе се барани од “дизел моторите” заради аферата со фалсификувањето на показателите за загадувањето на дизел моторите,и тоа придонесе за зголемената побарувачка за паладиум. Наводно, Кина создава резерви на паладиум, и таа е најголемиот купувач во авто индустрија.

Земјите со најголеми резерви на паладиум се Русија и Јужна Африка, од кои секоја во моментов има помеѓу 30 и 40 проценти од глобалното производство. Меѓутоа, веќе седмата година по ред, производството не ја покрива побарувачката на пазарот, особено оние од автомобилската индустрија, што е уште една причина за раст цените на паладиумот.

Покрај Русија и ЈАР, остатокот од значајните резерви на овој скапоцен метал се наоѓа во Канада, САД и Зимбабве.

Извор:faktor.ba