Ердоган на сите христијани им ги честиташе претстојните Божиќни празници

0
233

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им ги честиташе претстојните Божиќни празници на сите христијани, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

“Во согласност со вредностите на нашата цивилизација, продолжуваме да го негуваме принципот на неразделување на луѓето според нивното потекло, религиозна или расна припадност. Придаваме големо значење на тоа дека сите наши граѓани слободно ја уживаат и ја чуваат својата култура, вера и традиција”, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека Турција е во регион каде што културите и традициите живееле заедно со векови, Ердоган истакнал дека разновидноста се третира со богатството на општеството и заедницата и како меѓусебното почитување представува е важен сегмент на националното единство и мир.