Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, остро ги осуди неодамнешните обвиненија кои израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги испрати до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави агенцијата Анадолу (АА).
Чавушоглу, исто така, објави фотографии на 16-годишниот Февзи ал-Јуниди и мртов палестинец во Багдад Абу Салах, кој стана симбол на палестинскиот отпор на израелското насилство и окупација.
Тој изјави дека Нетанјаху е налогодавач на злосторства што израелските сили ги прават против невините Палестинци, вклучувајќи го и бомбардирањето на децата што играат на плажа.
“Нетанјаху е ладнокровен убиец од денешно време и е одговорен за убиството на илјадници невини Палестинци, и Турција никогаш нема да се откаже од откривањето на вистината”, рекол Чавушоглу.










