Калин за критиките упатени кон Ердоган: Нетанјаху се обидува да привлече внимание

0
211

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин одговори на критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој гу упати на сметка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави агенцијата Анадолу (АА).

Калин на социјалната мрежа Твитерна напиша дека на Нетанјаху му засметале фактите што ги изнесе турскиот претседател Ердоган.

“Нетанјаху, кој се соочува со истраги во својата земја, се обидува да го привлече вниманието, но залудно. Тој не може да ја скрие политиката на тиранија и окупација што ја води Израел”, истакнал Калин.

Калин на социјалната мрежа, исто така, го сподели статусот на Нетанјаху кој напишал дека турскиот претседател Ердоган, е “окупаторот на северен Кипар, чија војска ги масакрира жените и децата во курдските села, внатре и надвор од Турција, и дека не треба да му држи лекции на Израел”.