Почина принцот Талал бин Абдулазиз, полубрат на саудискиот крал Селман, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Принцот почина на 87 години. Смртта беше потврдена од страна на синот на Талал Абдулазиз. Тој порачал дека три дена ќе прима сочучество.
Тој е роден во 1931 година и изввршувал неколку функции во Кралството Саудиска Арабија. Принцот Талал поднел оставка од Биатот во 2011 година и со четворица браќа го основал Движењето на независни принцови.
Принцот повика на трансформација на саудискиот крал во уставниот и парламентарниот систем и се залагал за идејата за саудиско семејство да се повлече од власта.
Еден од неговите синови, познатиот милијардер Велид бин Талал (63), беше меѓу затворениците минатата година и беше обвинет за обвиненија за корупција.









