Денес, САД влегоа во период на делумна парализа во работата на федералните власти по неуспешниот обид за компромис меѓу Конгресот и Белата куќа за буџетот и финансирање на ѕидот на границата со Мексико, која сака да го поодигне претседателот Доналд Трамп.
Администрацијата од денес нема да добива никакви финансии, па затоа ќе ги намали своите активности во наредните денови.
Неколку стотини илјади вработени во американската влада ќе бидат принудени и неплатено отсуство или ќе работаат без надоместок заради делумната административна парализа.
Покрај обидите за компромис, претставниците на двата дома на Конгресот не успеаја да постигнат договор за буџетот и финансирањето на ѕидот на границата, а продолжувањето на седницата е закажано денес попладне по локално време.
Трамп изрази надеж дека делумната парализа на работата на федералните власти нема да трае долго.
Преговорите за буџетите традиционално се тешки и често завршуваат со привремени владини договори за финансирање. САД веќе имаа таква ситуација три дена во јануари 2018 година.











