Во Иран, погубен е бизнисменот Хамидрез Бекери-Дермани, кој беше осуден на смрт од страна на специјален суд, формиран за борба против економскиот криминал, објавија државните медиуми.
Дермани беше прогласен за виновен за “ширење на корупцијата”, што е најголем прекршок против шеријатот во Иран.
Смртната казна за Дермани беше поддржана од Врховниот суд овој месец.
Во изминатиот месец двајца трговци беа егзекутирани во Иран за слични обвиненија.
Новите судови во Иран, чии одлуки не можат да се обжалат, беа формирани во август, откако Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи повика на “брза и правична” акција за борба против “економската војна” со странските непријатели.
Специјалните судови во Иран наметнаа десетици затворски казни за бизнисмени и трговци со луѓе до 20 години.
Овие судови беа формирани веднаш откако САД повторно ги воведоа санкциите во Техеран.










