ГЕРМАНИЈА : Има мртви и ранети, самоубиец со Фокус удрил во луѓе на автобуска станица

by Administrator

Една жена беше убиена, а уште девет лица биле повредени откако автомобил Ford Focus удрил во луѓе кои чекале автобус во германскиот град Реклингаузен, Германија.
Според првите полициски наоди, со автомобилот управивал 32-годишен возач од Хертен, кој одеднаш излегол надвор од патот и свртил кон станицата каде удрил во патници кои чекале автобус.

Загинала 88-годишна жена, а девет лица на возраст меѓу 17 и 67 години се здобиле со сериозни повреди.

“Постојат силни индикации дека станува за обид за самоубиство од страна на возачот на автомобилиот”, изјавила портпаролката на полицијата на Рамона Хорст.

You may also like