Несекојдневна сообраќајна несреќа во Словачка, со BMW удрил во покрив на тунел

0
361

Во Словачка, во регионот на Високите Татри, дојде до невообичаен инцидент.
Имено, возач кој ја изгубил контролата над БМВ удрил во заштитна оградата, “полетал”, а потоа удрил во покривот на тунелот.

Четириесет и четиригодишниот возач, за среќа, “слетал” на тркалата и поминал без повреди.

Полицијата утврдила дека возачот немал присуство на алкохол и дека причината за оваа несреќа била заморот кај возачот.