Поранешниот француски фудбалер Френк Рибери ќе го напушти Баерн Минхен на крајот од сезоната, потврди генералниот менаџер на Баварците Ули Хенес. Рибери пристигна во Минхен во 2007 година од Марсеј, а за време на 12 години освои 21 трофеј во Германија, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите и осумте титули во Бундеслигата.
И покрај фактот што кога неговиот договор ќе истекне ќе има 36 години, Рибери ќе продолжи кариерата, има понуда од Галатасарај, чиј дрес своевремено го носеше шест месеци, потоа Ал Итихад, како и понуди од Кина и МЛС лигата.











