Поранешниот американски претседател Барак Обама облечен во Дедо Мраз во средата ненајавено посети болни деца во една болница во Вашингтон.
Со капа на главата и торба на грб, претходникот на Доналд Трамп гиразведрил болничките денови на малите пациенти на кои им подели подароци.
“Јас само сакам да им се заблагодарам на сите, имав можност да разговарам со прекрасни деца и нивните семејства”, вели тој, зборувајќи на снимката објавена на Твитер профилот на детската болница во Вашингтон.
“Како татко на две девојчиња, можам да замислам дека најважно во оваа ситуација е да има вработени, лекари и медицински сестри кои се грижат за нив, и тие се таму за да ги држат за раце”.
Судејќи според големиот аплауз од околу стотина луѓе собрани, пациентите и болниците, популарноста на поранешниот претседател не се намали, пренесе француската агенција АФП.
Извор:(Vijesti / Хина)










