Ноќеска, околу 01:40 часот се случи сообраќајна незгода на крстосницата од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Франклин Рузвелт“.
– Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Фолсваген Голф“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 22-годишниот Е.З. од Скопје и патничко моторно возило марка „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од 23-годишниот С.З. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Фолсваген голф“, 18-годишниот Ф.З., а со телесни повреди се здобила сопатничка од истото возило, 20-годишната А.Ш. од Струга, како и Е.З. Повредите биле констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива











