Албанија за непожелни прогласи двајца дипломати од Иранската амбасада

0
207

Властите во Албанија ги прогласија за персона нон грата двајца ирански дипломати вработени во Иранската амбасада во Тирана, објави агенцијата Анадолу (АА).

Портпаролката на албанското Министерство за надворешни и европски прашања, Елдира Пренди, изјави за АА дека непожелните ирански дипломати се прогласени заради кршење на дипломатските норми.

“Албанија прогласи за непожели ги прогласи двајца дипломати од Иранската амбасада, кои се осомничени за вмешаност во активности кои претставуваат закана за безбедноста на државата”, изјавила Пренди.

Пренди, исто така, рече дека официјалната Тирана ја донела одлуката во консултација со сојузничките држави.