Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги прими иранскиот колега Хасан Рохани во Анкара, објави агенцијата Анадолу (АА).
Иранскиот претседател пристигна во дводневна официјална посета на Република Турција. Тој во Анкара допатувал придружуван од голема делегација на високи ирански претставници.

Турскиот претседател го прими својот ирански колега во претседателската палата со највисоки државни почести, а потоа започна билатерален состанок.
По состанокот, Ердоган и Рохани ќе претседаваат со петтата седница на Советот за соработка, а потоа ќе се обратат до печатот.
Беше објавено и потпишување серија билатерални договори, како и учество на двајца претседатели на Бизнис форум во палатата Чанкаја.

















