Тринаесетте поени на турскиот репрезентативец, охриѓанецот Џеди Осман, дадоа значаен придонес во победата на Кливленд Кавалиерс над Индијана Пејсерс со еден поен разлика
Во Американската кошаркарска лига (НБА), Кливленд Кавалиерс со кош во последната секунда од натпреварот, на гостински терен со резултат од 92:91 ја победи екипата на Индијана Пејсерс, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 4 натпревари во НБА. Екипата на Кливленд Кавалиерс во интересен натпревар од Источната конференција, со кошот на Лери Ненс во последната секунда ја совлада екипата на Индијана Пејсерс со 92:91.
Со овој резултат Кавалиерс стигнаа до 8. победа сезонава. Родни Худ постигна 17 поени и 6 скока, Ненс дабл-дабл од 15 поени и 16 скока, а турскиот репрезентативец, охриѓанецот Џеди Осман, натпреварот го започна во првата петорка, одигра 40 минути и постигна 13 поени, 7 скока и една асистенција, и имаше значајна улога во победата на својата екипа.
Пејсерс го забележаа својот 11. пораз сезонава. Домантас Сабонис (синот на некогашната кошаркарска ѕвезда Арвидас Сабонис) постигна 17 коша и 8 скока, Бојан Богдановиќ 14 поени, Тадиус Јанг 13, додека Мајлс Тарнер имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока.
– Триесет и шесте поени на Леброн беа недоволни –
Во натпреварот одигран во „Барклис Центарот“, Бруклин Нетс со победата од 115:110 над Лос Анџелес Лејкерс, стигна до 14. победа сезонава.
Во екипата на Нетс, Д’Андџело Расел против неговиот поранешен тим постигна дабл-дабл од 22 поени и 13 асистенции, заземајќи главна улога во победата. Свој придонес во победата на Нетс дадоа Џо Харис со 19 поени, Спенсер Динвиди со 18 поени и Ронда Холис-Џеферсон со 17 поени и 8 скока.
Лејкерс го забележа својот 13. пораз сезонава. Ол-стар ѕвездата Леброн Џејмс постигна дабл-дабл од 36 поени, 13 скока и 8 асистенции, Лонзо Бол 23 поени и 6 скока, додека Кајл Кузма натпреварот го заврши со дабл-дабл од 22 поени и 11 скока.
Вечерва НБА-лигата продолжува со 12 натпревари.
Резултати:
Индијана Пејсерс – Кливленд Кавалиерс 91 : 92
Атланта Хоукс – Вашингтон Визардс 118 : 110
Бруклин Нетс – Лос Анџелес Лејкерс 115 : 110
Денвер Нагетс – Далас Маверикс 126 : 118











