Европската Унија (ЕУ) почна да го спроведува итниот план на мерки во рамките на подготовките за напуштањето на Унијата без договор од страна на Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде Европската комисија, во случај на несогласување со Британија во процесот Брегзит, започнат е итен акционен план, кој претставува превентивна мерка во одредени сектори.
Се наведува дека Велика Британија во рок од 100 дена ќе ја напушти Европската Унија, а во случај на несогласувања при напуштањето со планот ќе бидат преземени мерки за ограничувања на штетите во 14 области, како што се финансиските услуги, воздушниот сообраќај, транспортот и царината.
Во соопштението, исто така, се наведува дека со цел да се избегнат прекините во финансиските трансакции, институциите на ЕУ во Британија ќе добијат привремена и условна дозвола за работа од 12 месеци.
Во соопштението, исто така, се вели дека на британските авиокомпании ќе им се овозможи да летаат во Европа една година. Иста таква можност ќе му се даде и на копнениот транспорт. Меѓу другото, се истакнува дека по разделбата, правата што ги имаат граѓаните на ЕУ и Британија ќе продолжат само под услов доколку тие се реципрочни.











