СТРУГА: Кривична за две лица поради малверзации при продажба на моторно возило

0
554

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 54-годишниот У.М. од струшкото село Франгово, и против 45-годишниот И.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“.

– На осми јануари 2015 година, првопријавениот склучил договор за купопродажба на патничко моторно возило, помеѓу него како купувач и второпријавениот, како продавач. По ова, на 15.01.2015 година второпријавениот поднесол барање за идентификација на наведеното патничко моторно возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија – Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила, а потоа на 29.01.2015 година во МВР – Отсек за управни работи Струга, првопријавениот поднесол барање за регистрација на наведеното возило, информираат од МВР.

Во друг случај, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот Р.Џ. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и против 67-годишниот Џ.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „фалсификување на исправа“ и против 40-годишниот М.П. од село Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

– Првопријавениот, набавил лажна сообраќајна дозвола и увозна царинска декларација за патничко моторно возило „Фолксваген Јета“ на која како сопственик го прикажал второпријавениот, по што истите ги употребил во постапка идентификација на патничко моторно возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија – Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Потоа, третопријавениот, во МВР – Отсек за управни работи Струга, наведената документација ја поднел во прилог на барањето за регистрација на наведеното возило, информираат од МВР. (Крај)

извор: Ohridpress/МВР фото: архива