Белата куќа: САД ги повлекуваат војниците од Сирија

0
102

Белата куќа соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да ги повлекуваат своите војници од Сирија во моментите кога преминуваат во нова фаза на борба против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Сара Сандерс, гласноговорничката на Белата куќа, изјави дека САД ги победија ДЕАШ на Блискиот исток.

„Пред пет години ДЕАШ беше многу силен на Блискиот исток, а сега САД во тој регион ја победиле таа организација која претходно прогласи калифат”, рече Сандерс.

Додаде дека победите остварени против ДЕАШ во Сирија не значат и дека е завршена меѓународната коалиција против таа терористичка организација, напоменувајќи дека САД преминуваат во нова фаза на борба против ДЕАШ.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ги поразиле ДЕАШ во Сирија и додаде дека ова беше единствената причина поради која ја држеле војската во таа земја.