(Видео) Хаос на француските патишта, жолтите елеци палат наплатни рампи

0
259

Француските демонстранти, познати како Жолта елеци, денес предизвикаа сообраќаен хаос, откако ги зазедоа наплатните рампи и запалиле неколку од нив.

Најголемиот француски оператор за за наплата на патарини, Vinci Autoroutes , објави дека во 40 локации се водат протести во неговата мрежа и дека неколку патарини се многу оштетени, особено на југот на земјата.

Наплатната патарината Бандол, источно од Марсеј, на југот на Франција, беше запалена доцна вечерва, а автопатот А50 беше затворен, тврди Винчи, чија мрежа е главно лоцирана на запад и на југ од земјата.

Штета од десетици милиони евра од почетокот на протестите

“Возачите треба да бидат исклучително внимателни додека се приближуваат до патарините, како и влезот на автопатот поради големиот број пешаци”, соопшти Винчи.
Винчи проценува дека штетата на неговата инфраструктура изнесува десетици милиони евра од почетокот на протестот, притоа не сметајќи го загубениот приход, бидејќи демонстрантите дозволија илјадници возачи слободно да се прошетаат по автопатот.

Неколку луѓе загинаа во сообраќајни незгоди при пречките што жолти елеци го поставувале на патиштата.

 

Демонстрантите – наречени по рефлектирачки елеци што француските возачи мора да ги имаат во своите автомобили – ги блокираа патиштата и кружните токови низ Франција од средината на ноември.

Овие демонстрации започнаа како протест против данок на гориво, но се претворија во големи протести против политиката на претседателот Емануел Макрон.