Генералниот директор на Одделот за управување со миграции при Министерството за внатрешни работи на Турција, Абдула Ајаз, изјави дека Турција е дом на мигранти од 190 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод Меѓународниот ден на мигрантите, Ајаз за АА изјави дека Турција е згрижува 4,7 милиони мигранти, од кои 3,6 милиони се од Сирија.
„Со почетокот на хуманитарната криза во Сирија во 2011 година, Турција ја воведе политиката на отворени врати и стана земја која е домаќин на најмногу мигранти од која било друга земја во светот“, нагласи тој.
„Мигрантите во Турција се наши гости“, изјави тој, додавајќи дека подрачјето на Анадолија било домаќин на голем број цивилизации низ историјата.
Ајаз изјави дека мигрантите придонесуваат за социјалниот живот, општеството, културата и економијата на земјата, додавајќи дека многумина ги искористија предностите на образовните услуги кои се нудат во Турција, додека другите бараат вработување и се регистрираат за работни дозволи или за отпочнување сопствен бизнис.
Тој нагласи дека Генералниот директорат за управување со миграции планира од 2019 година да започне информативна платформа „Живеј во Турција“ на шест јазици.
„Странците ќе имаат пристап до целосни информации на веб-страницата liveinturkey.gov.tr“, истакна Ајаз.
Сирија е средиште на граѓанска војна која започна во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги разби продемократските протести со неочекувана свирепост.









