Ирачкиот претседател Салих се откажа од британското државјанство

0
224

Ирачкиот претседател Бархам Салих се откажа од државјанството на Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на неговиот Кабинет, Локман Фејли, соопшти дека Салих и официјално се откажал од британското државјанство во согласност со Уставот на Ирак, кој тоа му го налага поради функцијата која ја извршува.

„Претседателот Салих е благодарен на Велика Британија која му даде државјанство во периодот кога беше опонент и критичар на режимот на Садам Хусеин“, се наведува во соопштението.

Уставот на Ирак им забранува на највисоките официјални претставници на оваа земја да имаат двојни државјанства.

И претходникот на Салих, Фуад Масум, по изборот на функцијата претседател на Ирак се откажа од државјанството на Велика Британија.