На повидок конфликт помеѓу Ријад и САД: Саудијците ја осудија резолуцијата за Кашоги и блиско соработуваат со Русија и Кина

0
320

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија осуди резолуција што неодамна беше усвоена од американскиот Сенат, наведувајќи дека инцидентот со Џамал ​​Кашоги претставува злочин, ама дека тој не ја одразува политика на кралството.

Во соопштението објавено од страна на Саудиска новинска агенција се вели дека сегашната позиција на Сенатот беше усвоена е врз неосновани обвиненија и дека претставува брутално мешање во внатрешните работи на Ријад, пренесува Ројтерс.

Оваа позиција, како што се додава, и`штети на улогата на Саудиска Арабија на регионално и меѓународно ниво.

Rijad
Фото: Бета

Американскиот Сенат едногласно ја усвои резолуцијата во која Саудискиот принц Мохамед бин Салман беше обвинет за убиство на саудискиот новинар Џемал Кашиоги.

Исто така, тврди дека Саудиска Арабија купува воен опрема и соработува со владите на Русија и Кина, што можело да ја загрози интеграцијата на воените односи на САД и Саудиска Арабија.