Претставници на државниот врв, локалната самоуправа, делегации на збратимени градови, претставници на академската заедница и општествениот живот од Охрид и Македонија се простија од градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.
Замина прерано од животот на своите најблиски, останаа толку многу планови и заеднички очекувања. Замина прерано и за сите нас. Ненадејната смрт на Јован е загуба за академската заедница, за партијата СДСМ, за општина Охрид, рече премиерот Зоран Заев.
-Низ годините тој даде огримен придонес со своето посветено работење, остави траги и предизвикуваше почит кој секогаш ќе се памети. Јован беше колега, пријател голем професионалец, а како градоначалник посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна, туристичка престолнина. Беше препознаван како човек, пријател, сограѓанин со топла и непосредна пририда, отворен за разговор за секоја иницијатива и предлог, почитуваше и разбираше. Неговите постапки и однесувања со одмереност, ненаметливост, внимателност ги споделуваше со сите со кои соработуваше или се среќаваше. Изгубивме добар коректен човек, додаде Заев.
Од името на Собранието на Република Македонија со прерано починатиот градоначалник се прости пратеникот Томислав Тунтев.
– Јован друже не се договоривме вака, други муабети правевме. Нема да ти држам говор само ќе изустам неколку сеќавањ. Велат дека човек умира два пати. Еднаш кога физички ќе го нема на овој свет и втор пат кога ќе се заборави споменот на него. Затоа големите луѓе како тебе никогаш нема да умрат. Кога се договаравме за советничка листа рече „Ај да го менуваме светот. Прво ние ќе се промениме, па тие околу нас па ќе го смениме Охрид, Македонија и светот“, рече Тунтев.
Претседателката на Советот Живка Ангелоска во својот говор рече дека изгубила не само колега, туку и долгогодишен семеен пријател, најдобар другар.
-Беше директен иостар но сепак ранлив, беша авторитетен но ненаметлив, беше нескрлшлив но сепак детинест, со еден збор беше свој. Беше систематичен затоа што веруваше дека резултатите од посветеноста еден ден ќе си го најдат патот до конечниот успех. Ја сакаше вистината, ја презираше лагата и секогаш сакаше на работите да им го даде вистинското име. Имаше визија, големи планови за Охрид. Аманетот кој ни го остави ветуваме дека ќе го исполниме. Граѓаните изгубија визионер, градски татко, другар,искрен поконик на спортот и младите, рече Ангелоска.
Од говорницата зборуваа и синот на градоначалникот Стојаноски, Димитар и неговиот брат Стојмир. Во последно време беше окупиран со реконструкцијата на градскиот кеј, па би ве замолил по реконструирањето да го носи името на Јован Стојаноски, рече Стојмир Стојаноски.
Градоначалникот на општина Охрид, проф.д-р Јован Стојаноски почина во саботата, на 48-годишна возраст. Посмртните останки на градоначалникот ќе бидат изложени во капелата на градските гробиштаод 12:00 до 14:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес













