Во Германија родени 30.000 бебиња на мигранти

0
268

Во Германија оваа година родени се 30.000 мигрантски бебиња, објави Ројтерс.
Агенцијата наведува дека Германија предвидува намалување на бројот на барања за азил до крајот на годинава, и покрај илјадите мигрантски бебиња кои се родени во земјата.

Германскиот весник “Билд” денеска објави прелиминарен извештај кој предвидува дека до крајот на годината ќе бидат исполнети вкупно околу 166.000 барања за азил.
Бројот на барања за азил е, наводно, намален во однос на 2017 година, кога изнесувал 198.317.

Тај број е, исто така, и под предвидениот владин максимум во текот на годината, кој изнесува помеѓу 180.000 и 220.000 барања.

Во Германија во текот на 2015 и 2016 година влегоа повеќе од милион азил азиланти, повеќето од нив избегаа од војната во Сирија, Ирак и Авганистан. Оттогаш е значително намален протокот на мигрантите, објави агенцијата.

Освен тоа, официјален претставник на германската организација на работодавци, рече дека интеграцијата на мигрантите во работната сила на Германија се движи многу побргу и подобра од очекуваното, со 400.000 кои веќе се школуваат или се обучуваат за определени работи.