Полицијата денес употребила солзавец и водени топови денес за да ги растера демонстрантите што се собрале околу седиштето на Европската унија во Брисел за да протестираат поради усвојувањето на ОН пактот за миграциите.
#Brussels : Riots in front of the EU buildings pic.twitter.com/KJjQ6eSDWn
— Oh boy what a shot (@ohboywhatashot) December 16, 2018
Околу 5.000 луѓе се собраа на протестниот собир кој првично беше забранет од локалните власти поради страв од насилство.
Високиот Белгиски суд ја поништи забраната, наведувајќи го правото на мирни протести.
Полицијата во Брисел соопшти дека некои од демонстрантите станале насилни кога побарале да се се разотидат.
Riots in #brussel #StopMarrakesh pic.twitter.com/q57yCQeBTv
— Marco 父 (@Marco_1895) December 16, 2018
Белгиската влада мораше да биде реконструирана изминатава недела, бидејќи најголемата коалициона партија ја оспори одлуката на премиерот Шарл Мишел да потпише Пакт за миграции, необврзувачки договор на ОН, чија цел е да обезбеди организирана меѓународна миграција.
Собирот бил организирашан од група екстремнадиснички организации.
“Нашиот народ на прво место”, “Доста ни е, од затворени граници” пишувало на транспарентите, а демонстрантите повикаа и на оставка на белгискиот премиер Шарл Мишел.
После мирниот почеток, демонстрантите започнале да ја напаѓаат полицијата со разни предмети и да ја уништуваат фасадата на зградата на ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес. Полицијата возвратила со солзавец и водени топови за да и протера напаѓачите .
Контра сбори, кој го организирала група на организации кои повикуваат да не се стигматизираат мигранти, собрал околу 1.000 луѓе во другиот кварт во Брисел, објави полицијата.











