Трамп на Ердоган му рекол дека го разгледува прашањето на испорачување на Ѓулен

0
247

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рекол на Реџеп Тајип Ердоган дека се разгледува прашањето за испорачување на опозицискиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен.

Трамп тоа му го рекол на турскиот претседател на состанокот во рамките на Г-20 во Буенос Аирес, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

“Минатиот пат кога се сретнавме во Буенос Аирес, претседателот Трамп му рече на Ердоган дека тие работат на тоа, ама мораме да видиме конкретни чекори,” изјавил Чавушоглу на конференцијата во Доха.

Турските власти ја обвинија организација Ѓулен – ФЕТО за вмешаност во обид за државен удар во јули 2016 година.

Самиот Ѓулен, кој се наоѓа во САД, го осудил обидот за пуч и негираше обвиненија. Турција од Соединетите Американски Држави бара негово испорачување.