Ердоган: „Терористите ги погребуваме во рововите кои самите ги копаат“

0
212

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го повтори одлучниот став на Турција против тероризмот, ветувајќи дека ќе ги искоренат терористите од тлото на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние сме секогаш во мислите на терористите. Ние ги погребуваме во рововите кои самите ги копаат и ќе продолжиме да го правиме тоа“, истакна Ердоган на церемонијата на отворање на Националниот парк „15 јули“ во подрачјето на општина Есенлер во Истанбул.

Турција спроведува антитерористички оперции во земјата и во северен Ирак, со цел неутрализација на терористите на ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца. ЈПГ е нејзиниот сириски огранок.

Ердоган во своето обраќање истакна и дека Турција ќе купи 120 авиони Ф-35 од Соединетите Американски Држави (САД).

„Америка прави авиони Ф-35. И нам ќе ни пристигнат 120. Турција произведува одредени делови за тие авиони“, изјави турскиот претседател.

Турција планира со овие авиони, кои имаат високи перформанси по прашањето на ниската видливост, сензорската технологија и радарскиот систем, да ја зголеми оперативната ефикасност на своите воздухопловни сили.

Турција во јуни на свечената церемонија во Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас, во рамките на проектот Ф-35, го презеде првиот авион.