Арапската лига го осуди Австралиското признавање на Западен Ерусалим за главен град на Израел

0
266

Австралиското признавање на Западен Ерусалим за израелски главен град “предизвикува страв” и ” и пристрасено е”, изјави денеска шефот на Арапската лига. Австралискиот премиер Скот Морисон вчера изјави во Сиднеј дека Австралија официјално го признава Западниот Ерусалим како главен град на Израел, но дека нема веднаш да ја пресели амбасадата во Тел Авив.

Во истиот говор, Морисон објави дека Австралија ќе ја признае идната палестинска држава со “Источен Ерусалим” како главен град откако ќе се постигне такво решение, што ќе доведе до крајот на 70-годишниот конфликт.

Израел го поздрави признанието

Австралиската мерка беше поздравена од Израел, а предизвика критики на други места предизвика критики. “Признавањето на Западен Ерусалим како израелскиот главен град, игнорирајќи го признавањето на Источен Ерусалим како главен град на палестинската држава, покажува пристрасност кон Израел”, изјави лидерот на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт.

“Австралиската позиција не е комплетна. И затоа кај нас предизвикува страв”, изјавил тој во Обединетите Арапски Емирати, каде што присуствува на форум. “Ја повикувам австралиската влада без промена да ја промени својата позиција и да ја признае палестинската држава и нејзиниот главен град Источен Ерусалим, а потоа ќе ја разгледаме нивната избалансирана позиција”, додал вдечкиот арапски дипломат. Со ова Австралија се приклучи кон Русија, Панама и Чешка во признание на Западен Ерусалим.