Илјадници луѓе протестираа во Рим во знак на протест заради рестриктивната политика за прием на мигранти која ја воведе новата влада.
Мототo на собирот на некои луѓе носеа жолти елеци беше “Станете, подигнете се, станете за вашите права”, што представува дел од познатата песна на Боб Марли.

“Во изминатите две години почнавме со криминализираме на оние што спасиле илјадници животи на море и дојдовме до затворње на пристаништата за бродовите што превезуваа давеници. Денес, со наредба на Салвини, укината е хуманитарната заштита и создадена е бескрајна низа на луѓе принудени да се кријат “, се вели во соопштението на Групата за спроведување на законот, која ја сочинуваат адвокатите и здруженијата за заштита на човековите права.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, издаде декрет чија главна мерка е укинување на хуманитарен предстој за ранливите лица, семејства или жени со деца и жртви на кривични дела на пат кон Италија.
Собраните здруженија посочија дека со декретот “незадоволството на социјалните групи со сиромаштија и нееднаквост е насочено кон нетолеранција, ксенофобија и расизам”.

Во Италија, од 2008 година повеќе од 120.000 луѓе добија право на хуманитарно престојување кое трае две години и може да се обнови.











