Египет го објави откривањето на гробница на висок функционер на Петтата династија, чии фараони владееле пред околу 4,400 години.
Министерот за антиквитети Халед ал-Анани откритието го објави на местото на гробницата, во Сакари, каде што се наоѓа познатата Степенаста пирамида.
Според неговите зборови, во “исклучително добро сочуваната” гробница се наоѓаат бројни статуи од различни големини и бои.
Египет, во последниве години, многу ги промовираше новите археолошки откритија за странските медиуми и дипломати за да привлече повеќе посетители. Важен туристички сектор на економијата доживеа голема штета од политичката нестабилност по 2011 година.















