Мохамед Салах, напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Египет вторпат по ред, прогласен e за најдобар играч на годината во Африка во избор на британскиот Би-Би-Си, според агенцијата Анадолу (АА).
Салах победи во конкуренцијата си Мехди Бенатија, Калиду Кулибали, Садио Мане и Томас Партеј, кои се најдоа на тесната листа на кандидати. Големиот напаѓач во 2018 година постигна 44 гола на 52 натпревари во дресот на Ливерпул и му помогна на клубот да стигне до финалето на Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Египет за првпат играше на Светското првенство во последните 28 години и постигна два гола.
“Чувството е супер повторно да се победи. Среќен сум и сакам да победам и следната година. Имаше многу добри моменти во 2018 година. Натпреварот против Рома во полуфиналето на Лигата на шампионите на Енфилд беше неверојатен. Постигнав голови и му помогнав на клубот да стигне до финалето. Тоа е секогаш убаво чувство “, изјавил Салах, додавајќи:
“Се обидувам да напредувам секој ден и да му помогнам на тимот да освои нешто”.
Оваа година, во изборот на африкански фудбалер на годината Би-Б-иСи забележа рекордни 650.000 гласови. Салах беше првиот фудбалер после Jay-Jay Okoche , кој успеа да ја добие наградата две години по ред.











