Терористичка закана кон Турција од териториите под окупација на ЈПГ/ПКК

0
211

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која под своја окупација го држи северниот дел на Сирија, во последно време почна да ги зголемува терористичките активности насочени кон Турција.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која ја искористи граѓанската војна во Сирија и под своја окупација држи подрачје во должина од 480 километри, долж сириско-турската граница, претставува сериозна закана за територијата на Турција.

Терористите на ЈПГ/ПКК во последните 3 години изведоа голем број вознемирувачки ракетни напади. Терористите вложуваа напори да изведат сензационалистички напади во Турција, но тие беа спречени како резултат на успешната работа на безбедносните сили. Во пограничните градови, како што се Хатај, Килис, Газиантеп, Мардин, Шанлиурфа, безбедносните сили запленија големи количества експлозив, во обид тие да бидат внесени во Турција. Во Газиантеп фатени се терористите коишто се испратени во Турција со цел да изведат терористички акции.

Безбедносните сили уништија пет тунели ископани во граничниот дел близу Мардин, преку кои требало терористите да навлезат во Турција.

– Операцијата „Маслинова гранка“ ѝ зададе удар на ЈПГ/ПКК

Турските вооружени сили (ТСК), со операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн, ѝ ставија крај на постоењето на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северозападниот дел на Сирија. Од почетокот на операцијата и во периодот додека таа траеше, од териториите што терористите ги држеа под своја контрола, цел на ракетни напади на терористите беше цивилното население во турските градови Хатај и Килис. Во тие напади животот го загубија 7 лица, а 113 беа ранети.

За времетраење на операцијата, терористите исфрлија 60 ракети врз Хатај и 34 врз Килис.

– Цел на нападите беа верски објекти

Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето на Африн гранатираа и верски објекти, а при еден таков напад беше погодена џамијата „Чалик“ во Килис. Во ракетните напади врз населените места, терористите погодија голем број куќи, возила и работни простории, и тие повеќе не беа употребливи.

– Вознемирувачки оган врз караули

Терористичката организација ЈПГ/ПКК во периодот 2015 – 2017 година изведе 12 напади врз караули што се наоѓаат во Хатај и Килис. Во тие напади загинаа двајца војници, а еден беше ранет.

Терористите во април 2017 година, со минофрлач нападнаа тенк на подрачјето меѓу местата Акчакале и Суруч, во областа Шанлиурфа. Во нападот немаше загинати, ниту ранети.

Во истиот период, терористите на ЈПГ/ПКК петпати изведоа напад врз караулата во Мардин. Во нападот полесно беа ранети тројца војници, а во престрелката неутрализирани се терористичките цели.

Терористите, во јануари 2018 година, два дена едноподруго изведоа вознемирувачки оган врз караулата во Мардин, но во нападите немаше човечки жртви.

– Сакаа да спроведат крвопролевање во градовите

Во обид да ја минат сириско-турската граница на териториите коишто се под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, во јули, фатени се 8 Сиријци со 146 килограми експлозив. Еден од терористите изјави дека со цел да не биде откриен од кучињата трагачи, експлозивот бил прекриен со буковец и закопан во земја.

На 8 август 2018 година, возило кое од Хатај се движело кон Газиантеп, било запрено од безбедносните сили. Во извршениот претрес се запленети 25 килограми експлозив. Во домот на сириските терористи кои признаа дека од Сирија во Турција влегле преку Хатај, пронајдени се уште 5 килограми експлозив.

Минатиот месец во Газиантеп е фатен терорист, бомбаш самоубиец, кој во Турција навлегол од подрачјето Тал Абјад коешто е под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК. Во претресот извршен врз неколку возила во Мардин, откриени се 247 килограми и 8 грама експлозив. Откриено е дека терористите коишто експлозивот од сириските територии под окупација на ЈПГ/ПКК го внеле во Турција, планирале да го користат за акции во турските метрополи.

Во селото Буламачли, сместено во руралните делови на Килис, откриени се 8 парчиња на противпешадиски проектили, 275 електрични детонатори, 9 ракетни фрлачи и 67 автомати калашников.

– Откриени се пет тунели ископани кон Турција

Безбедносните сили открија пет тунели ископани во периодот 2016 – 2018 година од страна на терористите, за премин од сириското подрачје Камишли кон местото Нусабеј, во Мардин, на турска територија со должина од 35 до 400 метри. Тунелите се затворени од страна на безбедносните сили.