На 48 годипна возраст утрово ненадејно почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.
Според првичните информации, причина за смртта е срцев удар. На Стојаноски му се слошило, па во критична состојба бил префрлен на Интерното одделение на Општата болница во Охрид. Бил направен обид да се префрли во Заводот за кардиологија, но залудни биле обидите за реанимација.
Стојаноски е роден на 7. август 1970 година во Охрид. Беше професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Стојановски раководеше со општина Охрид година и пол, по победата на локалните избори 2017 година.
Погребот на Стојаноски е закажан за в понеделник од 14 часот на Градските гробишта во Охрид.








