После “жолтите елеци”, ширум Франција на улиците излегоа и работниците, државните службеници и пензионерите кои протестираа против претседателот на земјата Емануел Макрон и владината политика, јави агенцијата Анадолу (АА).
Имено, на протестите низ Франција, што се одржа на повик на Конфедерацијата на трудот на Франција (CGT), еден од најголемите синдикати во Франција, синдикатот на работници и здружението Solidaire, учествуваа околу 15 илјади луѓе.

Најголемиот протест во Париз се одржа на централниот плоштад на Републиката, каде насобраните барале зголемување на платите. Демонстранти кои го одржуваа протестна прошетка до плоштадот Nation извикувале слогани против Претседателот Макрон и Владата.
Насобраните ги критикуваа социјалните и економските политики на актуелната влада, а во протестите им се приклучиле и учениците од средните училишта.
Филип Мартинез, генерален секретар на Конфедерацијата на трудот на Франција, им изјавил на новинарите дека исто така ја имаат истата цел како “жолтите елеци” истакнувајќи дека би било добро да ги здружат силите за уште поголеми протести. 











