Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва оцени дека по долгогодишните закани денеска на “илегален, противправен начин” официјално е формирана Војска на Косово и рекол дека зад истото стојат САД, Велика Британија, и Германија, и дека Србија ќе бара итна седница на Советот за Безбедност, јавува агенцијата Анадолу.
Тој рече дека косовската армија е формирана спротивно на меѓународниот закон и Уставот на Косово, додавајќи дека, како и нивните “спонзори, покажале дека не се грижат за правдата, туку за спроведувањето на сила и нападите врз Србите” и нападнале Србија и дека со формирањето на таа армија загрозен е мирот и безбедност низ целиот регион.
Вучиќ изјавил дека Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН предвидува дека меѓународните воени сили имаат должност да ја демилитаризираат Ослободителната војска на Косово и другите вооружени групи на косовски Албанци и дека Уставот на Косово во членот 126 вели дека за потребата на трансформацијата на Силите за безбедност на Косово (КБС) потребно е да се измени тој член , кој нее изменет.
“Врз основа на кој акт Албанците донесоа одлука да формираат војска на Косово? Барам од Велика Британија, Приштина, САД и Германија да ни кажат еден акт, една точка, врз основа на кој тие се осмелија да го прекршат меѓународното право”, рекол Вучиќ.
Тој рекол дека Србија ќе знае да ги заштити Србите во Косово, ако дојде до злоупотреба на Косовската армија и влегување во српската средина, без дозвола на српскиот народ, и спротивно на договорот меѓу Србија и НАТО.
Вучиќ истакнал дека Србија побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН и дека е подготвен лично да учествува на конференцијата и дека тој верува дека големите сили ќе й дадат на Србија шанса да го изнесе својот став.
Тој рекол дека Србија внимателно ќе го следи она што се случува во Косово и ќе чека Приштина да ги укине даноците.
“Повеќе нё не интересира какви мерки ќе воведат, тие сите заедно неразбираат дека го преминаа прагот, сега сето тоа ќе мора да го вратат на претходната ситуација, а Србија ќе биде подготвена да разговара”, надополнил Вучиќ.
Вучиќ ги замолил новинарите ова конференција да помине без прашање.










