Американскиот Претставнички дом злосторствата против Рохинџите ги нарече геноцид

by Administrator

Американскиот Претставнички дом ја усвои резолуцијата со која злосторствата против Рохинџите во Мјанмар се окарактеризирани како „геноцид”, јавува Anadolu Agency (AA).

Резолуцијата е усвоена со повеќето гласови, откако доби поддршка од 394 пратеници, додека само еден беше против.

Освен што нападите против Рогинга ги смета за геноцид, со резолуцијата се осудуваат и нападите на цивилите кои ги изведуваат вооружените сили на Мјанмар.

Исто така, се повикува државната советничка на Мјанмар Аунг Сан Су Кји и претседателот Вин Мјинт да ги ослободе новинарите на Ројтерс кои се затворени поради својата работа во откривање на злосторствата против Рохинџите.

You may also like