Во очекување на утрешните пет-ти последователни саботни протести, шефот на полицијата во Париз објави дека оклопни возила и илјадници полицајци ќе бидат повторно распоредени на улиците на францускиот главен град.
Шефот на полицијата на Париз, Мишел Делпеш, за радиото РТЛ изјавил дека безбедносните служби планираат да распоредат ист број сили како минатиот викенд или околу 8.000 полициски и 14 оклопни возила.
Делпеш изјавил дека овој пат ќе бидат распоредени неколку групи полициски патроли, чија задача ќе биде фаќање на вандалите, објави АП.
Француските власти објавија вчера дека друг член на движењето “жолти елеци” починал, шести по ред, откако бил удерн од камион при блокада во близина на јужниот град Авињон.
Локалните власти изјавија дека возачот на камионот бил уапсен и приведен откако се обидел да избега од местото на несреќата, објави АП.
Во соопштението се вели дека повредениот демонстрант, откако бил удрен од камионот, бил загрижен од страна на тимот за итни случаи, но дека тој подлегнал на повредите во текот на ноќта.
Повеќе од пет демонстранти беа убиени во сообраќајни незгоди, додека повеќе од 1.400 припадници на “жолтите елеци” беа повредени во протестите против зголемувањето на цените на горивото откако демонстрациите започнаа минатиот месец.
Демонстрантите ги блокираа големите патишта низ Франција, а во Париз протестите прераснаа во нереди.
Учесниците во тековните протести во Франција се нарекуваат “жолти елеци” поради флуоресцентните сигурносни елеци што ги носат.










