Хенес со поддршка за Салихамиџиќ да тргне уште пожестоко

0
217

Ули Хенес, претседател на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, изјави дека баварскиот гигант стои цврсто зад спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ обезбедувајќи му потанамошна поддршка.

Поддршката на шефот на клубот, Салихамиџиќ, дојде по критики од јавноста и медиумите, откако тој ја критикуваше играта Баерн во средата после нерешениот ерзултат во Лигата на шампионите со Ајакс во Амстердам (3: 3).

“Го замолив да биде повеќе критичен и убедлив. Салихамиџиќ има целосна поддршка да тргне уште пожестоко. Тоа ми се допаѓа. Некој мора да истапи и да ги посочи проблемите. Салихамиџиќ е млад. Во последно време е под сериозни критика. Сепак, ако сака да стане голем, мора да помине низ такви работи “, изјавил Хенес, негирајќи ги шпекулациите дека Салихамиџиќ наскоро може да биде сменет, јави агенцијата Анадолу (АА).