Засилено присуство на КФОР во Северна Митровица

0
213

Додека Собранието на Косово во Приштина гласаше за пакетот закони за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска на Косово, во Северна Митровица е засилено присуството на силите на КФОР, јавува Anadolu Agency (AA).

Силите на КФОР се распределени на мостот на реката Ибар, кој го дели градот Митровица на северен – српски и јужен – албански дел. Северниот дел на Митровица од утрово е накитен со српски знамиња, додека во јужниот дел на градот се виорат американски знамиња.

Најавено е дека српските студенти точно во 12:44 часот, симболично според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово, ќе изведат нов перформанс пред Канцеларијата на УНМИК (UNMIK) и ЕУЛЕКС (EULEX) во Северна Митровица.