Ерсун Јанал е новиот тренер на Фенербахче

0
200

Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ соопшти дека Ерсун Јанал е новиот тренер на овој клуб, јавува Anadolu Agency (AA).

„Нашиот клуб, склучи 1,5-годишен договор со тренерот Ерсун Јанал, тој претходно во сезоната 2013-2014 година ја водеше нашата екипа и таа година станавме шампиони. Со синоќешниот официјален потпис Ерсун Јанал се приклучи во семејството на Фенербахче“, се вели во соопштението од клубот.

Клубот „Фенербахче“, по поразот во 10. коло од МКЕ Анкарагучи во турската Спорт Тото Супер Лига, му врачи отказ на холандскиот тренер Филип Коку. Од тој ден екипата ја водеше помошникот на Коку, Ервин Куман.