УНГАРИЈА / Протести и во Будимпешта, се бара оставка од Орбан

0
283

Илјадници Унгарци денес протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа, како и новиот закон за административните судови, што беа донесени во средата и веднаш предизвикаа бран на незадоволство кај граѓаните.

Околу три илјади демонстрации се собрале околу парламентот во Будимпешта, а потоа го блокирале и сообраќајот на еден од мостовите преку Дунав, извикувајќи “Валкан Фидес” и “Орбане оди по ѓаволите”.

FOTO: BERNADETT SZABO/Protest u Budimpešti

“Дојдов да му го покажам средноот прст на владата”, изјавил студентот Адам, кој не сакал да открие своети презиме.

“Овде нё доведе незадоволство .. еден е прашањето на судовите, што е нова фаза за цементирање на нивната власт,” изјвил Тамас Сабо (65), кој пристигнал со унгарско знаме.

Унгарскиот парламент во средата го усвои законот за флексибилно работно време, во силно напната атмосфера заради незапамтеното противење на опозицијата, кој тврди дека станува збор за “робовладетелски закон”.

Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан има двотретинско мнозинство во парламентот.

Законот, кој значително го зголемува бројот на прекувремените часови кои можат да ги побараат работодавците, беше усвоен со 130 гласа за 52 против и еден задржан.
Број на максимално дозволени прекувремени работни часови ќе се зголеми според новиот закон од 250 на 400 на годишно.

FOTO: BERNADETT SZABO/Protest u Budimpešti

FOTO: BERNADETT SZABO/Protest u BudimpeštiFOTO: BERNADETT SZABO/Protest u Budimpešti