Американскиот сенат едногласно ја усвои резолуцијата со која Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман се прогласува за одговорен за убиството на новинарот Џамала Кашоги, објави Анадолу Агенцијата (АА).
Во резолуцијата се наведува дека изјавите на Саудиските власти во врска со убиството на Кашоги сериозно ја нарушиле довербата во долгогодишната пријателство и односите меѓу САД и Саудиска Арабија.
Се осудува убиството на саудискиот новинар и повикуваат властите на Саудиска Арабија да ги процесуираат одговорните.
Нацрт резолуцијата беше предложена од шефот на Комисијата за надворешни работи при Сенатот Боб Коркер.
Кашоги, новинар и колумнист на “Вашингтон пост”, беше убиен на 2-ри октомври во Саудискиот конзулат во Истанбул.
Турското обвинителство откри дека тој бил задавен веднаш по влегувањето во конзулат и дека неговото тело е расечено и уништено. Властите на Саудиска Арабија подоцна признаа дека Кашоги бил убиен, и дека не го напуштил конзулат, како што првично тврделе.
Истрагата за случајот е сé уште во тек со акцент на потрагата по остатоците на Кашоги.
Американската разузнувачка агенција (ЦИА) во извештајот објави дека наредбата за убиството на Кашоги била издадена од Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.










