Американскиот Сенат денеска донесе резолуција со која завршува американската воена поддршка на Саудиска Арабија во рамките на војната во Јемен, објави Анадолу Агенцијата (АА).
Резолуцијата беше усвоена со 56 гласови за, додека против беа 41 сенатор.
Нацрт резолуциите, кои предложени од независниот сенатор Берни Сандерс и републиканецот Мајк Ли, добија популарност по убиството на Саудискиот новинар Џамал Хашогги.
Сепак, повеќето републиканци се спротивставија на наведената резолуција, тврдејќи дека нејзиното усвојување “отишло предалеку”.
Резолуцијата мора да го помине Сенатот, но и Претставничкиот дом, за да дојде до масата на Трамп каде што е мала веројатноста да биде и потпишана.










